Буданов: На Русија и треба пауза во војната

Од:

Шефот на Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина (ГУР) – Кирил Буданов денеска изјави дека постојат сите знаци дека на Русија и е потребен прекин на војната.

Според него, војната против Украина ја чини Русија околу една милијарда долари дневно.

„Тие го достигнаа максимумот од своето производство. Русија троши 41 отсто од официјалниот буџет. Имаме партнери на овој план, а тие ги трошат своите пари“, рече Буданов.

Претходно рускиот претседател Владимир Путин одобри буџет со рекордни трошоци за одбраната од над 6 отсто од БДП.

Францускиот претседател Емануел Макрон минатата недела изјави дека Русија продолжува да се вооружува и троши 40 отсто од својот буџет за одбрана, пренесува Танјуг.

Покрај тоа, тој потсети дека до 2030 година Русија планира да мобилизира дополнителни 3 милиони војници и да додаде уште 4.000 тенкови во својот арсенал, според украинскиот јавен сервис.

Би можело да ве интересира

Единаесет луѓе се повредени во напад со беспилотно летало во Русија

А1он

Сибиха: Нереално е да се заврши оваа војна без Трамп

А1он

(ВИДЕО) Руски гувернер: Двајца мртви, петмина повредени во украински напад врз Белгород

А1он

Русите фрлија бомба врз Славјанск, убија мајка и ќерка

А1он

По четири години конечно слободни – украински затвореници се вратија дома

А1он

Буданов: Втората рунда преговори продолжи конструктивно

А1он