Бројот на загинати во рускиот напад врз украинскиот град Тернопол се зголеми на 25

Од:

Бројот на загинати во рускиот ракетен напад врз Тернопол се зголеми на 25, вклучувајќи три деца, објави Државната служба за вонредни ситуации на Украина, пренесе Укринформ.

Во нападот се повредени 73 лица.

Операцијата за спасување на луѓето од урнатините е во тек, а на местото на настанот се наоѓаат повеќе од 160 спасувачи, вклучувајќи алпинисти, водичи за кучиња, специјалната единица Делта, како и 45 парчиња опрема од Државната служба за вонредни ситуации.

Досега се хоспитализирани околу 150 лица.

Нападот се случил утрово околу седум часот, кога руските сили го нападнале Тернопол и околниот регион.

Би можело да ве интересира

Американците со итно предупредување: Наскоро е можен масовен напад врз Украина

А1он

Валентина Матвиенко: Зеленски зборува за избори за да го одложи мировниот договор

А1он

Украинските сили тврдат дека оштетиja руски воени објекти на Крим

А1он

Русите осудија Колумбиец на 19 години затвор – се бореше за Украина

А1он

Руски напад врз Украина – погодени станбени згради и складишта за храна, има повредени

А1он

Руските сили ноќеска соборија 44 украински дронови

А1он