Британија: Се чини дека Русија ги потрошила сите ирански беспилотни летала

Од:

​Се чини дека Русија ги потрошила сите ирански беспилотни летала и наскоро може да побара нова испорака од Техеран, објави британското Министерство за одбрана во својот дневен билтен за ситуацијата во Украина.

Според него, Русите најверојатно ги користат иранските камикази беспилотни летала како мамка за украинската противвоздушна одбрана, која потоа троши скапи ракети на нив, додека руските сили можат поефикасно да погодат цели со своите крстаречки ракети со долг дострел.

Последен пат ирански беспилотни летала беа забележани на украинското бојно поле на 15 февруари, а дотогаш украинските сили тврдеа дека ги собориле на 26.