Бразилец се обидел да избега од затвор маскиран во својата ќерка

Од:

Калувињо да Силва, бразилски наркодилер, е фатен во обид за бегство од затворот во бразилската сојузна држава Рио де Жанеиро. Бил преправен, односно маскиран во својата ќерка

Имено, при посетата на ќерката, тој „ѝ ја позајмил“ облеката, ставил силиконска маска, градник, перика на себе, ја оставил девојката зад решетките и се обидел да излезе наместо неа.

– Ова е навистина очаен потег на еден затвореник. Тој служи казна од 73 години затвор, а доби и дополнителни 25 години за друго дело. Неговиот очајнички обид да излезе на главната врата, е спречен благодарение на стручноста на затворските чувари, изјави Енрикес Маркез, заменик управител на затворот „Мојсес“.

Истрагата за тоа како опремата за маскирање дошла до затвореникот, е во тек. Ќерката и уште седуммина луѓе се уапсени за вмешаност во обидот за бегство.

Да Силва пак, е преместен во друг затвор. Нему сега ќе му се суди и за обид за бегство