Бизарна смрт на забава – застрелан низ подот, директно во глава

Од:

Студент (19) од колеџ во Мичиген – САД, почина откако беше застрелан за време на домашна забава.

Според локалните медиуми, студентот на Државниот универзитет во Гранд Вали – Конор Лотерман е застрелан околу 23 часот по локално време во петок, на 9 мај, за време на инцидент во дом во Таулмаџ Тауншип.

Замениците на шерифот на округот Отава изјавија за медиумите дека пукањето во моментов се смета за случајно, но истражителите веруваат дека осомничениот, кој бил на вториот кат од домот, испукал повеќе истрели низ подот, при што еден истрел го погодил Лотарман во главата.

На забавата имало од 10 до 20 луѓе, а сите присутни се познавале, пишуваат медиумите.

„За време на таа забава, еден од присутните со огнено оружје испука повеќе истрели од спалната соба на горниот кат низ подот, преку таванот“, изјави за FOX 17 капетанот Џејк Спаркс.

„Беа испукани повеќекратни истрели. Тоа не беше случајно пукање од еден истрел“ рече тој.

Лотерман подоцна беше однесен во локална болница, а некрологот рече дека тој почина еден ден подоцна, во саботата, на 10 мај.

Обвинителството на округот Отава ја разгледува можноста да поднесе кривична пријава против 20-годишниот напаѓач, изјави Спаркс.

Државниот универзитет Гранд Вали издаде соопштение за смртта на Лотерман, во кое се вели:

„Заедницата на Државниот универзитет во Гранд Вали е уништена од трагичната смрт на Конор. Во име на претседателот Мантела, заедницата на Лејкерс изразува најдлабоко сочувство до неговото семејство и пријателите“, рече деканот на студентите на ГВСУ, Арон Хејт.

Би можело да ве интересира

Пукање во парк во Арканзас – двајца мртви и деветмина повредени

А1он