Американската војска потврди дека Мухаџери е убиен на 7 јуни во Сирија

Од:

Коалициските сили предводени од САД потврдија дека еден од командантите на Исламска држава, косовскиот Албанец Лавдрим Мухаџери, е убиен во Сирија.

– Муџахери е убиен на 7 јуни во воздушен напад во близина на Мајадин, во источниот дел на Сирија. Тој беше Албанец од Косово и самопрогласен лидер на странските борци на ИД од Косово, изјави портпаролот на коалициските сили, полковник Рајан Дилон.

Тој нагласи дека Муџахери бил „најпознат и најрадикален албански борец“ во Сирија, одговорен за поттикување на џихадистичката идеологија во Европа и охрабрување на странските борци да дојдат на територија која е под контрола на ИД.