Ал-Хаким: Западните земји ги засилуваат тензиите во регионот на Заливот

Од:

Присуството на западните земји во Заливот ја подгреваат регионалната напнатост, изјави денеска шефот на ирачката дипломатија Мохамед Ал-Хаким.

„Државите од Заливот заеднички можат да го обезбедат минувањето на бродовите“, напиша тој на својот налог на Твитер.

-Ирак настојува да ги ублажи тензиите преку смирени преговори, а присуството на странските сили во Заливот само ги зголемува тензиите, изјави Ал-Хаким, пренесуваат британските медиуми