Aеродром во Берлин чини 20 милиони евра месечно, а не работи

Од:

Најновиот аеродром во Берлин, официјално станува најскап проект во Германија.

Аеродромот замислен да спои три мали аеродроми, има месечни трошоци од околу 20 милиони евра, а се уште не функционира.

Само на осветлување и на клима уредите, месечно се троши повеќе енерија отколку на активниот градски аеродром Тегел, на кој дневно полетуваат 400 авиони.

Аеродромот БЕР требаше да се отвори уште во 2010 година, но се уште тоа не се случило. Се шпекулира дека во 2014 година, конечно ќе го види светлото на денот.