Родниот дом на познатиот американски нобеловец Ернест Хемингвеј, каде што тој ги напишал некои од неговите први дела, е продадена на нови сопственици.
Курт и Мери Џејн Нојман ја купиле куќата од фондацијата „Ернест Хемингвеј“ за 525.000 долари. Таа се наоѓа во предградието на Чикаго и во 2001 стана сопственот на фондацијата. Според зборовите на Џон Бери, претседател на Фондацијата, неможноста да се затвори финансиската структура, фондацијата морала да ја продаде.
Новиот сопственик на куѓата изјави дека таа сепак ќе им биде достапна на студентите и љубителите на хемингвејовите дела.
„Ние нема да ставиме забрана за посета, но единственото нешто бараме од сите кои имаат намера до дојдат е да го почитуваат фактот дека таа е сега нашиот дом“.
Познатиот американски писател живеел таму се додека не не ги напушти студиите на Универзитетот и отиде да работи како известувач од Канзас Сити.
Во 1952 година е објавен неговиот познат роман „Старецот и морето“ за кој истата година доби Пулицерова награда. Две години подоцна ја доби и Нобеловата награда за литература.