61 загинати на првиот ден од примирјето во Сирија

Од:

На првиот ден од привременото четиридневно примирје поради Курбан –бајрам во Сирија денеска погинаа најмалку 61 лице, соопшти сириската Опсерваторија за човекови права.

Невладината организација со седиште во Лондон наведе дека примирјето е прекршено во неколку региони во земјата и излезе со податок дека до вечерва погинале 61 лице од кои 21 цивил, 27 војници и 13 бунтовници.

Сириската влада и главната бунтовничка група Слободна сириска армија, се согласија на примирјето, меѓутоа го задржаа правото да одговорат на напад.

Судирите на режимот и бунтовниците во Сирија траат веќе 19 месеци и според наводите на групите за човекови права досега погинале повеќе од 35.000 луѓе.