Израел се заканува дека ќе го сопре финскиот брод со помош за Палестина

Од:

Израел ја предупреди Финска дека ќе го запре бродот со пропалестински активисти на сила, ако се обидат да ја пробијат блокадата на Појасот Газа, соопшти денеска финското министерство за надворешни работи.

„Израел го извести нашето министерство дека ќе интервенира доколку бродот Естеле, кој плови под финско знаме се обиде да ја пробие блокадата кај Појасот Газа“, изјави портпаролот Ристо Пипонен.

Тој додаде дека Финска одговорила дека „Естеле“ е цивилен брод и дека неговиот екипаж е составен од цивили.

„Од Израел е побарано да се однесува во согласност со тоа“, рече Пипонен.

Јахтата изградена во 1922. година исплови од Наполи на 6. октомври во рамките  на акцијата на движењето „Флотата на слободата“ во новиот обид да се пробие израелската блокада.

 

На бродот се наоѓаат 16. луѓе претежно од западните земји, но и еден израелски државјанин. Тие носат хуманитарна помош за Палестинците.

Се очекува бродот чија пловидба ја организираше меѓународната палестинска коалиција да пристигне во израелските води за околу две недели.

Би можело да ве интересира

Во израелски напад убиена Палестинката позната по тоа што рече: „Јас сум постара од Израел“.

Предраг Петровиќ

Палестинскиот поет Рефаат Алареер е убиен во Газа

Горан Наумовски

ВИДЕО: Сенатот го блокираше новиот пакет американска помош за Украина и за Израел

(ВИДЕО) Објавена вознемирувачка снимка: Израелски војници пукаат во Палестинец со посебни потреби

Десетици израелски тенкови, оклопни возила и булдожери го нападнаа југот на Појасот Газа

Иран: Ако Израел не се смири, војната ќе се прошири во регионот