Израел се заканува дека ќе го сопре финскиот брод со помош за Палестина

Од:

Израел ја предупреди Финска дека ќе го запре бродот со пропалестински активисти на сила, ако се обидат да ја пробијат блокадата на Појасот Газа, соопшти денеска финското министерство за надворешни работи.

„Израел го извести нашето министерство дека ќе интервенира доколку бродот Естеле, кој плови под финско знаме се обиде да ја пробие блокадата кај Појасот Газа“, изјави портпаролот Ристо Пипонен.

Тој додаде дека Финска одговорила дека „Естеле“ е цивилен брод и дека неговиот екипаж е составен од цивили.

„Од Израел е побарано да се однесува во согласност со тоа“, рече Пипонен.

Јахтата изградена во 1922. година исплови од Наполи на 6. октомври во рамките  на акцијата на движењето „Флотата на слободата“ во новиот обид да се пробие израелската блокада.

 

На бродот се наоѓаат 16. луѓе претежно од западните земји, но и еден израелски државјанин. Тие носат хуманитарна помош за Палестинците.

Се очекува бродот чија пловидба ја организираше меѓународната палестинска коалиција да пристигне во израелските води за околу две недели.

Би можело да ве интересира

Во израелските напади врз Газа загинаа 23 лица

(ВИДЕО) Израел нападна сириски воени аеродроми

(ВИДЕО) Израел призна: Пукавме во објект на Црвениот крст

(ВИДЕО) Едно лице загина, а едeн e повреден во терористички напад во Израел

Калас: Продолжете со преговорите за Газа, нападите на Израел врз Сирија и Либан ризикуваат ескалација

(ВИДЕО) Израелски амбасадор повикува да се убијат палестинските тинејџери во Газа