Голема површина која се протегала на појасот меѓу Северна Шкодска и Данска, позната под името Doggerland, била проголтана од водите на Северното море во периодот од 18.000 до 5.500 година п.н.е., пишува Daily Mail.
Се верува дека на оваа земја живееле десетина илјади луѓе, кои некогаш можеби биле срцето на Европа.
Научниците веруваат дека за потопувањето на британската Атлантида криво е разорното цунами.
„Пред околу 20 000 години оваа површина го постигнала својот максимум, иако поголемиот дел бил прекриен со мраз. Како тој се топел така се повеќе имало тло, но и се качувало нивото на морето“, рече Ричард Бејтс од факултетот St. Andrews.
„Успеавме да откриеме и какви луѓе живееле таму“, додаде Бејтс.
Според истражувањата површината на Doggerlanda била значително поголема од многу земји во денешна Европа.