Процесот за отповикување на Трамп продолжува во вторник

Од:

Процесот за отповикување на американскиот претседател Доналд Трамп продолжува во вторник, 21 јануари, кога ќе бидат презентирани воведните аргументи во Сенатот.

Процесот во Горниот дом на американскиот Конгрес официјално започна во четвртокот.

Трамп ќе го бранат во Сенатот познати правници, меѓу кои и Кен Стар, специјален истражител во процесот на отповикување на демократскиот претседател Бил Клинтон во 1998 година, и истакнатиот адвокат Ален Дершовиц.

Правниот тим на Трамп ќе биде предводен од правниот претставник на Белата куќа Пет Сиполони и личниот адвокат на Трамп, Џеј Секулов, а ќе им се придружат советникот на Трамп, Пем Бонди и поранешниот независен правен советник Роберт Реј, јави Си-ен-ен.

Сенатот официјално го извести Трамп за продолжување на процесот на отповикување и наводите вчера, на кои мора да се одговори писмено до сабота вечер.

Непартиската и независна владина агенција за надзор, што работи за Конгресот, донесе одлука во четвртокот дека претседателот го прекршил законот со привремено суспендирање на исплатата на воената помош за Украина, што веќе го одобрил Конгрес, притоа вршејќи притисок врз Киев заради политичка корист.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Почина човекот кој се самозапали пред судот каде што му се суди на Трамп

Катерина Ѓуровски

Бајден: Само еден претседателски кандидат е ментално неспособен, тоа не сум јас

Катерина Ѓуровски

Ќе ги ослободам напаѓачите на Капитол и ќе ја затворам границата најави Трамп

Катерина Ѓуровски

„Нема подобар и попаметен„ – Трамп го испофали премиерот на Унгарија: Орбан е фантастичен лидер

Катерина Ѓуровски

Ники Хејли се откажа од претседателската трка, Трамп сигурно ќе биде кандидат

ВИДЕО: Бајден и Трамп слават по „Супер вторник“

Катерина Ѓуровски