Индија во следните денови планира олеснување на рестрикциите во Кашмир

Од:

Индија во следните денови ќе ги укине ограничувањата за слобода на движење и комуникации во Кашмир, соопшти индиската Влада, одговарајќи на критиките за престрогите рестрикции во таа спорна област.

Овој месец во Кашмир беа прекинати телефонските и интернет врски, откако претходно Њу Делхи одлучи да ја укине автономијата на тој мнозинско муслимански регион со повлекување на членот 340 од индискиот Устав.

Рестрикциите во Кашмирската долина, каде живеат околу седум милиони луѓе, предизвикаа многу критики, а индискиот Врховен суд минатиот петок ја сослуша уредничката на весникот „Кашмир Тајмс“, Анурада Басин, која побара враќање на комуникациските врски, за да можат новинарите да работат.

Индиските медиуми, повикувајќи се на неименувани извори, објавија дека училиштата најверојатно повторно ќе бидат отворени в понеделник. Стотици политички лидери и активисти и понатаму се наоѓаат во притвор, а некои и во затвори надвор од Кашмир и Џаму.

Би можело да ве интересира

Индија може да се подели на два дела

Индија: Автобус удри во пешаци, најмалку шест лица загинаа, 49 се повредени

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди Индија

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати