ВИДЕО: Договорена техничка влада, ќе се договора референдумот

Од:

Премиерот Зоран Заев во име на сите учесници на втората пауза од лидерската средба изјави дека го прифатиле барањето на ВМРО-ДПМНЕ за „пржинска влада“.

„Денес го прифативме барањето за законски измени кои ќе овозможат техничка влада да ги спроведува секои парламентарни избори со формат сличен на пржинскиот“, рече Заев.

Прифатено е и барањето на ВМРО-ДПМНЕ за финансирање на политичките партии и за Државната изборна комисија. Извори од преговорите брифираат дека денеска се очекува да се стопира Законот за ДИК во Собрание.

Лидерската средба продолжува и во попладневните часови, кога се очекува да се раговара за прашања поврзани со референдумот околу договорот за името со Република Грција, за што се очекуваат напорни преговори. Како што беше кажано треба да се догори прашањето, датумот и карактерот на референдумот.