(ВИДЕО) „Вака умре Марадона“ – обвинителот покажа фотографија како изгледа асот пред смртта

Од:

Во главниот град на Аргентина започна судењето на седумте здравствени работници обвинети за невнимание при лекувањето на познатиот аргентински фудбалер Диего Армандо Марадона, кој почина за време на лекувањето.

Популарниот „Ел Пибе“ почина на 60-годишна возраст, откако срцето му застана за време на процесот на опоравување од операција на мозокот.

Обвинителството смета дека лекарите кои се грижеле за него биле несовесни и дека смртта на Марадона можела да се избегне.

Обвинети се седум здравствени работници, меѓу кои неврохирург, психијатар и психолог, а секој од нив се соочува со казна затвор до 25 години.

На првото рочиште, кое се одржа во Буенос Аирес, беше забележана исклучително трогателна сцена.

Обвинителот Патрисио Ферари предизвика вистински шок кај присутните кога покажа фотографија од Марадона во последните моменти пред неговата смрт.

„Вака умре Марадона“, рече Ферари додека ја држеше фотографијата во раката.

„Правото на вистината е човеково право и денес Диего Армандо Марадона, неговите деца, роднините, најблиските и аргентинскиот народ заслужуваат правда“, изјави Ферари.

Ќерките на Марадона Далма и Џианина се расплакаа.

Самото доаѓање на обвинетите во судницата беше проследено со протести на луѓето кои се собраа да го поддржат семејството.

Би можело да ве интересира

Марадона не мораше да умре – неговиот лекар ја одби анализата која можеше да му го спаси животот

А1он

Јувентус, Интер и Сампдорија не го сакаа Марадона пред тој да дојде во Наполи

А1он

Кубанката Алварез сведочеше дека била силувана од Марадона кога имала 16 години

Ана Ололовска

ВИДЕО: Марадона бил во врска со 16-годишно девојче, ја дрогирал и ја чувал заклучена

А1он

ВИДЕО: „Диего беше убиен“ – илјадници Аргентинци бараат одговори за смртта на фудбалската икона

Жарко Настоски

Судот забрани да се кремира телото на Марадона, ќе биде потребен примерок од ДНК кога ќе се дели наследството

Жарко Настоски