(ВИДЕО) Тренерот го нападна судијата, па беше нокаутиран со кунг фу удар во глава

Од:

Речиси и да не е забележан сличен инцидент на фудбалските терени!

На натпреварот помеѓу екипите Sport Huaquil и Magdalena CEDEC во Перу, судиите се судрија со играчите, а главниот судија Луис Алегре нокаутираше еден од тренерите.

Се започна откако Алегре покажа црвен картон на еден од играчите, што предизвика гнев на клупата на гостинскиот тим.

Еден од тренерите втрча на теренот држејќи пластично шише, но судијата со еден потег брутално го собори, додека го држеше црвениот картон во другата рака!

Инцидентот доведе до хаос – играчите на Magdalena CEDEC го опколија судијата, му се закануваа.

Набрзо полицијата мораше да интервенира и да ги заштити од линч.

Натпреварот беше прекинат и сега се чека одлуката на дисциплинските органи, додека се уште не се знае какви се повредите на нокаутираниот тренер.

Би можело да ве интересира

Судијата кој ќе суди куп финале Барселона – Реал Мадрид се расплака на прес-конференција

А1он