(ВИДЕО) Свири и пее на улица, за да купи харфа

Од:

Тринаесетгодишната Андреа Анѓелковиќ од Белград своето слободно време го поминува пеејќи на улица, со цел да собере пари и да го оствари својот животен сон да купи харфа, пишува српски „Телеграф“.

Таа вели дека по завршување на музичкото училиште, своето образование сака да го продолжи во Виена и дека за таму и е потребно да има свој инструмент.

-На овој начин и помагам на мајка ми, собирам пари за харфата која што е доста скапа, а таму е потребно да имам свој инструмент – вели Андреа.

Според нејзините зборови до идејата да пее на улица дошла бидејќи сакала самостојно да заработува пари и на тој начин да го плати музичкото образование, кое сега изнесува 8.000 динари годишно.

10867213_10205499751519101_943452465_n

Таа оди и на приватни часови по харфа, чија што цена е повисока, па така Андреа за секој час издвојува по 1.000 динари кои сама ги заработува.

Меѓутоа таа неколку пати имала и сериозни проблеми додека пеела на Кнез Михајлова во Белград, но доживеала и критика од музичкото училиште кое го посетува.

-Еднаш еден човек ми фрли кеса со вода од својот прозорец. За среќа ме погоди во чевлите – раскажува ова тринаесетгодишно девојче и додаде дека и педагогот и рекол дека не треба да пее на улица, бидејќи тоа е еднакво на питачење.

10859491_10205499752479125_1997874990_n

-Јас не питачам. Ова го правам затоа што сакам да заработам пари. Да седам на улица и да барам пари, тоа е питачење – вели девојчето.

Инаку цената за харфа е околу 15 до 20 илјади евра, но ова неверојатно девојче е голем оптимист и верува дека ќе успее да го оствари својот сон и да ги собере потребните средства. Е. Г.