ВИДЕО: Сибирски џогинг во бикини на минус 14

Од:

Алина Бородина е снимена како џогира во бикини низ сообраќајниот метеж. И сето тоа, додека има снег на улиците, а температурата е 14 степени под нулата.

Алина ова го направила откако изгубила облог. Непознато е за што бил облогот, но претпоставка е дека на ова трчење претходело многу алкохол, па сигурно и не и било толку студено на девојката.