ВИДЕО: По 30 години очи в очи со љубовта

Од:

Светски познатата Марина Абрамовиќ и уметничкиот изведувач Улај Лајсипен имаа интензивна љубовна врска во далечните седумдесети години. Кога почувствувале дека нивната врска бледее одлучиле да го изведат финалниот перформанс. Тргнале на пат по Кинескиот ѕид, секој од различен крај.

Се сретнуваат некаде на половина пат, се гушнале за последен пат за да не се видат никогаш.

По цели 30 години, Марина го изведува својот перформанс „Уметникот е присутен“, во кој таа споделува минута молчење со секој странец кој што седнува спроти неа.

Улај, нејзината некогашна голема љубов, пристигнува и седнува спроти неа. Погледнете ја реакцијата во очите на Марина кога го здогледува Улај.