Перуанскиот фудбалер Хозе Хуго де ла Круз Меза (39) трагично загина откако го удри гром за време на натпревар помеѓу Хувентуд Белависта и неговата екипа Фамилија Чока на регионален турнир во Перу. Вознемирувачкото видео се шири на социјалните мрежи.
🚨🇵🇪LIGHTNING STRIKES SOCCER MATCH IN PERU
Jose Hugo de la Cruz Meza, 39, was killed instantly, and 5 players were injured during a regional tournament in Chilca.
Goalkeeper Juan Chocca Llacta, 40, also received a direct strike and was rushed to hospital in a taxi with serious… pic.twitter.com/7zdnwAoc8c
— Mario Nawfal (@MarioNawfal) November 4, 2024
Натпреварот беше прекинат во 22. минута поради невреме кое се приближи до стадионот.
Кога играчите го напуштаа теренот, гром удри во тревникот, при што голем дел од нив паднаа.
Меза починал на лице место, додека голманот Хуан Чока Љакта (40), кој бил многу блиску до жртвата Де ла Круз, се здобил со сериозни повреди и итно бил пренесен во болница.