(ВИДЕО) Етна повторно еруптираше

Од:

На вулканот Етна утрово се отвори нова пукнатина, исфрлајќи лава, на надморска височина од 3.000 метри, на јужната страна од кратерот Бока Нуова, потврди Националниот институт за геофизика и вулканологија (INGV), чиј персонал врши мерења и ја следи ситуацијата на терен.

Според првите податоци, протокот на лава се движи кон југ, пишува Кориере дела Сера“.

Сеизмолошки, досега не се регистрирани значајни промени. Изворот на вулканскиот земјотрес се наоѓа на надморска височина од 2.800 метри, помеѓу кратерот Ворагина и североисточниот кратер, и засега нема зголемена инфразвучна активност.

Добрата вест е дека нема емисии на вулканска пепел, поради што аеродромот во Катанија продолжува да работи нормално. И покрај ова, како превентивна мерка е прогласено портокалово ниво на тревога за воздушниот сообраќај.

Експертите продолжуваат внимателно да го следат развојот на ситуацијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Луѓе врескаат и бегаат од вулканот – драматични снимки од Етна

А1он

Етна повторно почна да исфрла лава и пепел