Припадници на српското МВР ја запреа и исклучија од сообраќај триесетгодишната М.Д. која управуваше возило марка „бмв“ со брзина од 225 километри на час, на делницата од автопатот Лајковац – Ваљево (Србија) каде што ограничувањето на брзината е 80 километри на час.
View this post on Instagram
Припадници на Управата за сообраќајна полиција, кои го контролираат сообраќајот со пресретнувачи од почетокот на годината, исклучија 80 возачи од сообраќај поради насилни прекршоци во возењето.
