Владата на Република Македонија вечерва организираше прослава за добиената покана за членство во НАТО во 15 градови низ земјата.
Во Скопје настапуваат групата „Архангел“, Кирил Џајковски и Kepurdhat, а граѓаните присутни сметаат дека прославата е оправдана.
Повеќето од инверјуираните изјавија дека во ред е граѓаните и владата да прослават што добиваме покана за членство во НАТО и што земјата тргнала на патот кон ЕУ.
На прашање кога ќе влеземе во НАТО една од посетителките изјави „Кога ќе даде Господ“, по што додаде дека очекува тоа да биде наскоро.
Кристијан Ландов