Започна Струмичкиот карневал

Од:

Струмичкиот карневал 2022 е свечено отворен, по пауза од две години.

„Во прекрасен карневалски амбиент којшто може да го има само во нашата Струмица, вечерва, клучот од градот им го предадов на карневалистите кои ширум ќе ги отворат портите за сите љубители и почитувачи на нашата вековна карневалска традиција.

По пауза од две години, поради пандемијата од Ковид – 19, овој наш град повторно има причина да се радува и со полни гради да ги живее еднонеделните карневалски свечености“, напиша на Фејсбук струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов.