Вучиќ: Денеска е најтешкиот ден, ќе имаме над 1.200 новозаразени

Од:

Српскиот претседател денеска, по средбата со директорите на сите ковид0центри во земјата, изјави дека здравствениот систем на Србија е под тежок притисок на зголемениот број на заболени од Кобид-19.

Состанокот дојде еден ден откако беше забележан рекорден број на нови случаи – 1.053, а за само една недела, се дуплираше бројката на хоспитализирани пациенти. Вучиќ вели дека следуваат уште поголеми предизвици.

„Денеска е најтешкиот ден за Србија. Ќе имаме повеќе од 1.200 заразени. Од тоа, половината е во Белград,“ рече Вучиќ по состанокот и додаде дека се дискутирало за тоа како здравствениот систем да ѝ се спротивстави на епидемијата.