Во Словенија почнува процесот за кандидирање за парламентарните избори на 24 април

Од:

Во Словенија почнаа да течат роковите за спроведување на парламентарните избори кои претседателот Борут Пахор ги најави за 24 април, па веќе од денсска е можно официјално да се предложат кандидати за 90 пратеници во новиот состав на Националното собрание (Парламентот).

Кандидати за пратеници можат да предложат политички партии и самите гласачи. Крајниот рок за поднесување на листата е 24 март, кога започнува официјалната изборна кампања. И пред тоа, односно најдоцна до 9 март, организаторите на изборната кампања мора да отворат посебни трансакциски сметки од кои ќе ги покриваат сите трошоци за предизборните активности. Политичките партии самостојно ги утврдуваат листите на нивните кандидати. Тие можат имаат во секоја изборна единица, под услов списокот да биде поддржан со потписи на тројца пратеници од актуелното собрание и да биде доставена до државната изборна комисија. Покрај потписите на тројца пратеници, политичките партии можат да поднесат листи на кандидати со заверен потпис на најмалку сто избирачи кои живеат во одредена изборна единица.

Самите гласачи од денеска можат да поддржат поединечни списоци во седиштата на општинските административни единици. Својот список можат да го запишат и самостојно како група граѓани, но со потпис на најмалку 1.000 гласачи од предметната изборна единица. Минатата недела претседателот Борут Пахор официјално ги распиша парламентарните избори за 24 април, деветти откако Словенија стана независна држава.

Извор: МИА