ВМРО-ДПМНЕ: Ние сме на дното и единствен начин да се подигнеме е да го смениме овој начин на работење!

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со реакција за вчерашниот митинг на кандидатот за претседател, Стево Пендаровски.

“Кочани и кочанчани вчера вечер на трибината на Стево Пендаровски видоа како не треба да се води држава, како не треба да се води една општина па дури и како не треба да се води една партија. Видовме селекција и елитизам!

Видовме партиски кандидат за кој македонската химна нема текст, видовме претседателски кандидат опкружен со сите ново вработени во последните две години!

Видовме човек, партија, институции споени во едно како за свои сопствени интереси го загрозуваат добивањето на датумот за преговори со ЕУ!

Како до датум за преговори со целосна партизација на институциите?Како до датум за преговори без никакви реформи? Како до датум кога во Кочани немате една шајка заковано, една! Како до датум кога ваши директори и функционери им се закануваат на вработените кои не се СДС?

А земјоделците и проблемите на земјоделците од Кочани и кочанско не сакате ниту да ги споменете!

Намалените пензии исто така не сакавте да ги спомените, зголемените придонеси исто така не беа спомнати.
Зборувате за рекорден број на странски инвестиции -ама дали ви кажаа од ПР-от дека во Кочани нема нови странски инвестиции, нема!

Од вас вчера слушнавме дека Македонија има поголем напредок и од Швајцарија и Норвешка заедно! Ама не е така, ние сме на дното и единствен начин да се подигнеме е да го смениме овој начин на работење!

Кочани сака ново лице, господине Пендаровски затоа нема да бидете вие Кочани овој пат ќе ја даде својата поддршка на професорката!

Вие имавте шанса и како кандидат и како власт, многу аир не видовме, овој пат жена за претседател и ќе не биде, конечно!”, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.