ВИДЕО: Украински дронови се пробија до неколку области во Русија, гори рафинерија

Од:

Украински беспилотни летала погодија нафтена рафинерија во Воронежската област и „индустриска зона“ во Липецка област, според руските новински канали на Телеграм.

Киев Индипендент ги пренесува наводите на тие руски медиуми дека по напад со дрон избувнал пожар во нафтена рафинерија во областа Воронеж.

Александар Гусев, гувернерот на областа, објави дека рускиот систем за противвоздушна одбрана соборил четири украински беспилотни летала над областа.

Се наведува дека нападот со дрон е снимен и во регионот Липецк.

Според Игор Артаманов, локалниот гувернер, дронот паднал „во индустриската зона на регионот Липецк“.

Киев Индипендент објави дека претходно избувнал пожар во енергетски и нафтени постројки во руската област Смоленск по напад на украински беспилотни летала.

Веста за ова ја соопшти Василиј Анохин, гувернерот на таа област.

Се наведува дека пожарот избувнал денеска во раните утрински часови во тие објекти во областите Смоленск и Јарцевски, а нема информации за жртви.