Франција стана поприште на масовни протести кои, во многу градови, прераснаа во насилни судири меѓу демонстрантите и полицијата. Запалени згради, молотови коктели, стотици апсења и драматични сцени во Париз, Лимож и други градови го одбележаа денот исполнет со сериозни немири. Протестите низ Франција беа организирани поради незадоволството од владините политики, социјалната нееднаквост, растот на трошоците за живот и падот на животниот стандард; меѓу учесниците имаше студенти, синдикати и други граѓани кои бараат промени.
Paris : un couple de 80 ans a eté depouillé de ses effets personnels, roué de coups et retrouvé nu dans la rue #17octobre https://t.co/46ujloYd1f
— Fdesouche.com est une revue de presse (@F_Desouche) October 17, 2026
Незадоволството дополнително се разгори поради политичката криза и недовербата кон државните институции, при што некои протести прераснаа во насилни судири со полицијата, вандализам и грабежи.
Седумнаесетгодишник – а не полнолетна личност, како што првично извести префектурата – остана без рака по експлозија на полициска граната во Сент Етјен. Истрагата за овој инцидент ѝ е доверена на Генералниот инспекторат на националната полиција, соопшти Јавното обвинителство во Сент Етјен. Ова е втор случај во кој малолетник претрпува ампутација предизвикана од полициска шок-граната. Претходно, на 5 октомври, петнаесетгодишник остана без рака во Ланс.
Повикувајќи се на полициски извор, францускиот весник „Ле Паризиен“ (Le Parisien) извести за инцидент во близина на плоштадот „Република“ во Париз, каде што брачен пар, двајцата на возраст од околу 80 години, наводно биле жртви на грабеж извршен од учесници во немирите. Жртвите биле пронајдени на улица, облечени само во долна облека.
Историската зграда на градското собрание во Лимож, која датира од 19 век, била запалена со помош на Молотов коктел. За време на пожарот се урнала часовниковата кула, а покривот на зградата бил уништен. Пожарот што ја зафати зградата на градското собрание во Лимож по саботните демонстрации предизвика голема материјална штета. Пожарот се проширил на едно крило од зградата и го зафатил покривот, при што постои ризик од уривање на носечките греди, пренесува BFM TV.
🔴 La mairie de Limoges s’effondre 😱
#17octobre https://t.co/ZSGxXGcll2— Chris (@APchris06) October 17, 2026
Станува збор за историска градба, отворена во 1883 година, чија архитектура е инспирирана од Градското собрание во Париз.
Дејвид Шарпентие, новинар во весникот „Ле Паризиен“ (Le Parisien), опиша сцени на улични судири што се одвиваат на само 400 метри од Елисејската палата:
„Улицата Камбасерес е полна со камења; еден автомобил е превртен, а демонстрантите зазеле мала градежна барака и ја туркаат кон полицијата за разбивање демонстрации. Полицајците возвраќаат со употреба на шок-бомби. Група демонстранти, кои постојано се движат, се повлекуваат малку поназад. Ова се сцени на урбана герилска војна.“
Во објава на социјалните мрежи, францускиот претседател Емануел Макрон повика на „обединување против оние што сеат хаос“, нагласувајќи дека „за насилство нема место“.
Група демонстранти упаднаа во зградата на општината на 10-тиот париски арондисман и предизвикаа материјална штета, поради што полицијата употреби солзавец.
Според достапните информации, околу 100 лица, кои биле дел од протестниот марш, останале заробени внатре во зградата.
Според проценките на француското Министерство за внатрешни работи, околу 550.000 демонстранти излегоа на улиците низ Франција. Од нив, 110.000 учествуваа во протестен марш во Париз.
🇫🇷 : Chaos dans la Grand’Place à Lille. https://t.co/8OqTV8bMSl
— Infos Minutes (@InfosMinutesFR) October 17, 2026
Надлежните наведуваат дека на национално ниво се одржале вкупно 110 демонстрации.
Од друга страна, организаторите тврдат дека на улиците имало 800.000 луѓе – бројка што претходно ја наведе и Студентскиот сојуз.
До пладне, властите регистрирале 140 демонстрации во регионите, во кои учествувале 32.800 луѓе, додека на национално ниво биле уапсени 166 лица.
Сепак, до доцните попладневни часови, бројот на уапсени се искачи на најмалку 272, од кои две третини во Париз. Во меѓувреме, бројот на протести низ земјата достигна 300.
Уште во текот на утрото, во Париз беа уапсени десетици луѓе, при што присуството на полицијата беше значително зголемено – особено во близина на најпознатите знаменитости во француската престолнина, како што се Шанзелизе и Триумфалната капија.
Група демонстранти ги искршија стаклените врати на градското собрание во Лил и влегоа во зградата, предизвикувајќи материјална штета.
[ 🇫🇷 FRANCE ]
🔸 Plus tôt dans la journée, alors qu’il tentait de piller la boutique du LOSC à Lille, un émeutier a vu la vitrine s’effondrer sur lui. https://t.co/tZSOmlLN3R
— Little Think Tank (@L_ThinkTank) October 17, 2026
Учесниците во инцидентот набргу побегнаа, а специјални полициски единици влегоа во објектот за да проверат дали внатре останал некој. Во исто време, во центарот на градот избија жестоки судири меѓу неколку стотици демонстранти и полицијата.
Француските власти не планираат да прогласат вонредна состојба, и покрај масовните протести и насилството што денеска зафатија бројни градови низ земјата, потврди министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез.
Тој ја отфрли можноста за прогласување вонредна состојба, нагласувајќи дека безбедносните сили се соодветно распоредени и пофалувајќи ја нивната реакција за време на немирите.
Според него, низ Франција се уапсени околу 400 лица, додека 60 припадници на безбедносните сили се повредени – од кои двајца се пренесени во болница во бесознание.
За време на денешните немири во францускиот град Лил, дојде до инцидент кога излог се урна врз еден од учесниците во немирите, кој се обидувал да ограби продавница што му припаѓа на фудбалскиот клуб Лил (ЛОСК). Засега нема информации за сериозноста на неговите повреди.
