Елена Лука како успешна бизнис жена, менаџерка и сопственичка на етаблираните брендови „ЕЛЕНА ЛУКА ХОУМ„ и „ЕЛЕНА ЛУКА“ , зеде учество како вип гостинка, воедно и Златен спонзор на „Eкономски форум на жени лидерки – Women Economic Forum – Balkans 2024“, настан кој што има за цел да го поддржи и зајакне женското претприемништво и лидерство и кој за прв пат се одржува во Македонија, на 2 и 3 октомври во хотел „Мериот“.
Преку својот пример на жена лидер која паралелно менаџира бизниси во повеќе сфери, Елена Лука во рамки на својата агенда на настанот, има за цел да го поддржи и мотивира женскиот бизнис сектор во Македонија, но и на интернационално ниво, имајќи предвид дека таа е и членка на глобалната Г100 заедница која важи за една од најмоќните групации која ја сочинуваат жени лидери и која има за цел да се создаде еднаква, прогресивна и инклузивна средина за жените ширум светот.
„ЕЛЕНА ЛУКА ХОУМ“ и „ЕЛЕНА ЛУКА“ важат за најуспешни компании секоја во својот домен, предводени од жена – токму затоа се и мотивирачки пример за сите жени претприемачи, но и за оние дами кои имаат амбиција да започнат свој бизнис.
„Честа е голема, моја, зашто бев поканета од организаторот на овој женски економски форум, Здружението на жени менаџери ЕЛИТ и заедно сме тука со 250 жени учеснички од цел свет кои учествуваат на форумот. Г100 е позната платформа, светска, една од најсилните која се занимава со афирмација на жените во делот на бизнисот, но и во други сфери на делувањето во општеството. „ЕЛЕНА ЛУКА“ во тоа што го работи, и еве долги години сум во делот на бизнис и долги години сум во бизнис, и во други сфери во кои работам, работам во делот на мода, во делот на градежништвото едноставно со своите примери и практики за успешност во делот на бизнисот денеска сум поканета за да презентирам дел од мојата работа како и за проекти кои тековно ги работиме во Македонија на пазарот, како дел од една доминантна бизнис фела како што е градежништвото, меѓутоа со јасен доказ дека една жена во бизнисот може да биде успешна без разлика што е ова машки бизнис. Имаме и промоција на наши проекти, тоа е комплексот „ФУТУРА“ тоа е еден огромен капитален проект со 48.000 метри квадратни објект, со се пропратно, така да денеска имавме чест заедно со сите членки на Г100 да се запознаеме да работиме на глобализација на женскиот квалитет, на промоција, на афирмација на барање на различни системи на промоција на женскиот квалитет како и на системи на финасирање и да лобираме за поголемо учество на жените во некои управувачки структури во компаниите, каде што ќе можат да носат одлуки и да имаме се поголемо учество и поголем авторитет во делот на менаџирање на политиката на економијата на една држава, изјави Елена Лука, сопственичка и генерален менаџер на ЕЛЕНА ЛУКА ХОУМ.
Kомпанииите, „ЕЛЕНА ЛУКА“ и „ЕЛЕНА ЛУКА ХОУМ“, се успешни приказни во модната и градежната индустрија, за кои сопственичката вели дека стигнале до врвот со многу работа, но пред се со визија.
„ЕЛЕНА ЛУКА“ си има свој начин на функционирање, се разбира, според мене визијата е прва и основна работа која треба да биде водечка, значи еден уникатен концепт, уникатна идеја секогаш, и нормално проследена со многу, многу работа и со труд, следење на тенденции на развој на бизнисот на светско ниво и еден одличен тим зад себе така да тоа гарантирта резултати. Интегритетот, отворено работење, искреност кон клинетите, огромна професионалност и премногу работа-тоа се одредени системи на функционирање и начела кои и Г100 ги има во своето функционирање и кои што се констатирани како примери кои даваат резултати. Затоа можеби се пронајдов во работењето таа платформа, каде предводена од 100 најквалитетни лидерки во светот, создаваат други крила на делување и оваа платформа содржи веќе милиони учесници дел од оваа бизнис заедница на жени,така што се поклупуваат нашите начела. „ЕЛЕНА ЛУКА“ денеска со своите примери покажа дека искуствено, со следење на своите начела и со формирање на можности за финасирање како што беше „ЕЛЕНА ЛУКА ФОНДАЦИЈА“, за која малку се знае зашто не сме правеле промоција на тој дел, со години работиме на финансирање на жени за стартни бизниси едноставно наоѓаме начини да ги промовираме жените и како да почнат свои бизнис единици, со многу едукација и многу работа- да прават идни резултати, изјави Елена Лука, сопственичка и генерален менаџер на ЕЛЕНА ЛУКА ХОУМ.
Организатор на настанот е Здружението на жени менаџери „Елит“, Скопје и Г100 Крилото за комуникација, застапување и медијација за Македонија, под глобалната франшиза на Women Economic Forum (WEF) и мисијата Г100 Милион.