Владата на Тајван соопшти дека девет лица загинале, над 930 се повредени и 127 се затрупани под урнатините во денешниот земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтер, најсилниот што го погодил островот во последните 25 години.
По земјотресот беше издадено предупредување за цунами за јужниот дел на Јапонија и Филипините, но подоцна беше укинато.
🚨BREAKING NEWS from #Taiwan
It's shocking incident, happened in Taiwan ! See the Skyscraper condition!#Japan #earthquake #Tsunami pic.twitter.com/K6U0gbGF9v
— 𝐌𝐀𝐒𝐓𝐄𝐑 (@CapXSid) April 3, 2024
Тајванската влада соопшти дека седум лица загинале во планинскиот, ретко населен источен округ Хуалиен, во близина на епицентарот на земјотресот.
Тајванските власти сега потврдија дека се знае дека вкупно 127 луѓе се затрупани под урнатините по земјотресот. Од нив, 77 се во тунелите Џинвен и Дакинкшуи, под планините во округот Хуалиен, соопштија пожарникарите. Останатите 50 луѓе беа заробени во четири минибуси кои патуваа од центарот на Хуалиен до блискиот национален парк Тароко. За дел од луѓето кои се затрупани, потврдено е дека се странски државјани.