Украина тврди дека Русите погодиле дом за стари лица и дека се убиени се 56 лица

Од:

56 лица загинаа откако руски војници отвориле оган во дом за стари лица во Кремина во областа Луганск, тврдат украинските власти.

Украинските власти соопштија дека окупаторите „цинично и намерно“ пукале врз зграда во регионот на Луганск од тенк.

Државната служба за специјални комуникации објави дека има 15 преживеани, кои биле киднапирани од окупаторите и однесени на окупираната територија во Сватове во Луганската област, во регионалниот геријатриски центар.

Дел од британските медиуми како Би-би-си и Скај Њуз кои ја објавија веста информираа дека не успеале да добија независна потврда на информацијата.