Спасовски: Кривична пријава и суспензии за полицајци по претепувањето во Битола

Од:

Поднесена е кривична пријава против еден полициски службеник од Битола, кој вчера брутално нападна Ром во Битола, соопшти попладнево министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Според министерот, полицаецот и уште еден негов колега кој бил присутен за време на инцидентот, ќе бидат суспендирани.

„МВР осудува каков било вид на насилство, особено кога тоа го направил полициски службеник. Ниту еден ваков чин не може да се поправи. МВР вложува многу во менувањето на ликот на полицијата и полициските службеници. Нашата цел е полиција која ќе биде во служба на граѓаните,“ рече Спасовски.

Тој го осуди и нападот на полициските службеници од страна на двокрадци во велешко. Приведени се четири лица и има 10 осомничени лица. Спасовски рече дека се вршат претреси и се преземаат дополнителни активности со цел да се расчисти случајот. Министерот очекува и брза постапка од Обвинителството.