Силен земјотрес ја погоди границата меѓу Грција и Албанија

Од:

Земјотрес со интензитет од 5,8 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди грчко-албанскиот пограничен регион, соопшти Германскиот истражувачки центар за геолошки науки (GFZ).

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од пет километри, објави Ројтерс.

Засега нема пријавени повредени или штети.