СДСМ: Освен што бега од соочување со јавноста, Сиљановска дискриминира новинари и медиуми исто како Груевски

Од:

Откако избега од соочување со новинарите, кандидатката на Христијан Мицкоски, Гордана Сиљановска денеска покажа дека дискриминира новинари и медиуми, смета СДСМ.

Сиљановска не ги почитува граѓаните, како што велат од СДСМ, и ја продолжува дискриминацијата на новинари и медиуми што осудениот криминалец Никола Груевски ја правеше цели 11 години.

Сиљановска бега од сопствениот народ за кој самата вели дека не го познава. Сиљановска не знае колку војници има нашата армија, реагира од СДСМ.

“Сиљановска секојдневно потврдува дека е нечесна и лицемерна пред граѓаните, недостојна за
функцијата за која се кандидира. Граѓаните го гледаат тоа и затоа веќе во недела ќе и порачаат дека не сакаат нов Ѓорге Иванов, туку вистински претседател на нашата држава и затоа масовно ќе дадат поддршка на концептот предводен од Стево Пендаровски.”, порачува СДСМ.