Путин го одликува американскиот актер Стивен Сигал

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денеска го одликува американскиот актер Стивен Сигал, поранешна холивудска ѕвезда, кој во последните години се претвори во активен бранител на рускиот претседател, а од неодамна и на неговата офанзива против Украина. Путин потпиша извршна наредба за одликување на актерот со Орден за пријателство за неговиот „огромен придонес во развојот на меѓународната културна и хуманитарна соработка“, се вели во документ објавен на официјалната веб-страница на руската влада.

Стивен Сигал (70), експерт за аикидо, беше ѕвезда на американските акциони филмови во 1980-тите и 90-тите години. Додека неговата кариера беше во опаѓање, Сигал, роден во Лансинг, Мичиген, полека се зближуваше со лидерот во Кремљ.

Сигал живее во Русија од 2016 година

Во 2016 година, тој доби руски пасош од Владимир Путин, задржувајќи го американското државјанство. Оттогаш, тој живее во Русија, каде што се приклучи на националистичката партија во 2021 година. Во август 2022 година, тој го посети источниот дел на Украина, каде што се сретна со водачот на проруските сепаратисти во Доњецк, Денис Пушилин, и му даде поддршка.

Минатиот октомври, за 70-тиот роденден на Путин, Сигал сними видео со порака за поддршка на рускиот претседател, кого го нарече „еден од најголемите државници во светот“. Искрено се надевам и се молам да ја добие поддршката, љубовта и почитта што му се потребни.