Омикрон потврден и во Србија

Од:

Новата варијанта на коронавирусот, омикрон, потврдена е денеска во Србија потврдија здравствените власти.

Според овие информации, новиот сој на ковид-19 е потврден кај жена која пристигнала од Јужноафриканската држава Боцвана.

Таа при влез во државата била негативна, меѓутоа дополнителните тестирања покажале дека е позитивна на омикрон.

„Пациентката беше во изолација. Земени се контролни примероци и еден од нив беше позитивен“, објаснува професорката Тања Јовановиќ за српскиот портал „Нова“.