Нишки кардиолози и вградиле пејсмејкер на жена заболена од коронавирус

Од:

Тројца кардиолози од нишката болница и вградиле пејсмејкер на жена која боледува од Ковид-19. Токму коронавирусот на Валентина која е мајка на четири деца и предизвикал компликации во работата на срцето.

Во пресрет на новгодишните празници поради влошената состојба таа итно била пренесена од Пирот во Ниш. Докторите и овозможиле во Новата година да влезе со ново среце и сега таа води битка само во вирусот.

„Сега се чувствувам добро, но во еден момент бев на крај на силите. Не бев ниту свесна што се случува. Сега добро се опоравувам и едвај чекам да ги гушнам моите деца“ – вели Валентина која сега се опорава во „црвента зона“.