Најпознатиот ТОП SALES тренер на Балканот доаѓа во Скопје

Од:

Драган Војводиќ – официјален Sandler тренер и еден од највлијателните луѓе во современата продажба

На Be#Next 3 конференцијата во Скопје доаѓа Драган Војводиќ – најпознатиот и најбаран sales тренер на Балканот, официјален претставник на Sandler Training (Baltimore, USA) и првиот сертифициран Sandler тренер од регионот.

Со повеќе од 20 години искуство во продажба, развој на луѓе и лидерство, Драган Војводиќ има изградено кариера што почнува во Porsche, продолжува во Volvo и Raiffeisen Bank, но многу брзо го напушта корпоративниот систем за да се посвети на она што денес го работи најдобро – создавање продажни професионалци што размислуваат, одлучуваат и комуницираат како еднакви.
Тој е автор на две бестселер книги – „Хранити его или породицу“ и „Зашто златни орао лови вука“, книги кои не мотивираат, туку поттикнуваат лична и бизнис одлука.

Во 2012 година, по покана на српското кралско семејство Караѓорѓевиќ, Драган Војводиќ одржува предавање во Белиот двор, заедно со светски познатиот мотивациски говорник Ник Вујичиќ.

Покрај бизнис искуството, Драган има и длабока психолошка основа – изучувал Логотерапија, третата Виенска школа по психијатрија, кај проф. др. Криже Катиниќ од Загреб. Неговиот пристап ја комбинира психологијата на човековото однесување со структуриран и мерлив продажен систем.
Методологијата Sandler, која Драган ја претставува, денес е присутна во повеќе од 300 центри во над 30 земји ширум светот и важи за една од најпочитуваните продажни методологии глобално. Sandler не се базира на притисок или манипулација, туку на рамноправен однос, јасна комуникација и почит меѓу продавачот и купувачот.

Драган Војводиќ доаѓа во Скопје во рамки на Be#Next 3 конференциите, чиј автор е подкаст водителот и претприемач Георги Докузов. Неодамна, Драган беше и гостин во Next Gen Podcast, каде отворено зборуваше за продажба, одлуки и одговорност во бизнисот.

Be#Next 3 е настан наменет за претприемачи, sales професионалци, лидери и сите што сакаат долгорочна промена во начинот на размислување и работење.

Линк за купување карта:Be#Next

Линк до интервјуто со Драган Војводиќ:Zaboravete na prodazhba ako sakate da prodavate | Dragan Vojvodic – Sandler | Next Gen Podcast 064

ПР текст