Филипче: Вакцинацијата на граѓаните над 75 години почнува в среда, термините за закажување ќе одат преку матичните

Од:

Министерот за здравство Венко Филипче денеска во изјава за медиумите информираше дека во крајна фаза се сите административни работи во Агенцијата за лекови во врска со дозволата и сериите за вакицната Астра Зенека, која вчера стигна во нашата земја. Вакцините денеска и утре ќе бидат дистрибуирани по гардовите, а веќе од среда ќе започне вакцинацијата на граѓаните над 75 годишна возраст. Вакцината е безбедна за граѓаните, апелира Филипче, а ревакцина за истата ќе биде за 3 месеци од примањето на првата вакцина.

– 20.000 граѓани коишто се веќе пријавени и се на возраст над 75 години во текот на денешниот и утрешниот ден преку матичните лекари ќе добијат термини согласно местото на живеење, во кој пункт и точно во кое време од среда натаму да се јават на вакцинација. Rазговараме со повеќе институции заинтересирани државни итнституции, постепено се генерираат и други списоци од други извори за понатаму во текот на месецот да бидеме спремни за и други категории на граѓани да се вклучат во процесот на имунизација – изјави Филипче.

Ревакцинацијата со Астра Зенека е за 3 месеци, а според најавите останатата количина од 100 000 од оваа вакцина,преку Ковакс механзимот во нашат земја треба да стигнат до крајот на април.

-Нашиот експертски тим ја презема препораката и од компанијата и од други земји, а тоа е дека ревакцинацијата треба да биде за 3 месеци, што значи дека сега сите овие вакцини ќе се искористат. Веќе имаме најава дека останатите количини би требало да стигнат во месец април, тоа се до 100.000 коишто треба да стигнат во нашата земја, јас утрово искомуницирав со српскиот колега Лончар којшто чекам да ми даде електронски податоци за наши граѓани коишто се вакцинирале, прво за да ги имаме во евиденција, а понатаму и за да ги испланираме ревакцината да ја примат тука. Ставот за вакцината Астра Зенека е една доза, а ревакцината после 3 месеци за разлика од сите други кадешто ревакцината е за 3 недели – изјави Филипче.

Министерот посочи дека во тек е подготовка и на спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје, каде би се одвивала масовна вакцинација на граѓаните, овој голем пункт за имунизација треба да се заврши до крајот на неделата, а во текот на месец април се очекува да стигнат вакцини од повеќе места.

-Тука ќе има едно 30 тина позиции, лекари и сестри од Здравствен Дом ќе ја спроведуваат вакцинацијата, тогаш кога ќе стигната и дополнителните количини кои ги очекуваме од Кина, а според најавите од Кинеската амбасада сега тие интензивно работат во делот на обезбедување на точниот датум на транспорт. Компанијата Фајзер конечно го потврди одговорот, се откажаа од тоа како услов за договорот да има специјален компензациски фонд и во текот на петокот како што веќе објавивме стигна потврда дека оваа недела треба да се потпишат договорите со земја членка на ЕУ како трипартитни договори и тоа е повторно со компанијата Фајзер. Значи април ќе биде месец кога очекуваме вакцини да стигнат од повеќе места и навистина после оваа приоритетна група на граѓани над 75 години и други граѓани се повикаат и бидат вакцинирани – изјави министерот.

Што се однесува до состојбата со хоспитализирани ковид пациенти, изминатата недела посебно, но и викендов огромен број на пациенти побараа болничка заштита или им беше индицирано после направените прегледи, истакна министерот и информираше за новите болнички капацитети за згрижување ковид пацинети.

-Ние во делот на координација и консултација со сите директори на јавно-здравствените установи каде се лечат пациенти од Ковид во Скопје направивме целосна реорганизација и на хируршките клиники и на клиниката за педијатрија и сега имаме дополнителни 100 тина кревети празни во овој момент на Клиниката за урологија и два спрата на Клиниката за педијатрија кај што може да се примат пациенти и тоа е нешто што ќе биде на некој начин резерва за овие следни денови. Од утре почнува да се користи капацитетот на болницата Козле, овој центар за рехабилитација тука во Капиштец кадешто е веќе поставен кислород на еден од спратовите, 40 тина кревети се оспособени да примаат пациенти а инсталацијата ќе продолжи во следните денови додека не се постави кислородот на сите 180 кревети, значи тоа е еден сериозен резевоар на резерва на слободни кревети којшто може да служи за пациентите и во Скопје и во останатите градови – изјави Филипче.
Реорганизација на капацитетите се први и во Куманово, Штип, е во координација со болниците во Кочани, Струмица со Гевгелија, кажа Филипче.

-Во Кавадарци сериозно е намален притисокот, има серозно намалување на инциденцата во однос на тоа што беше претходен двонеделен просек што ни дава за право да мислиме дека еве веќе тој е циклусот од 6 до 8 недели, онака како што беше и оној бран во месец ноември. Исто така има доволен капацитет во Велес, во Тетово и во Гостивар коишто излегуваат во пресрет на третман на пациентите и од Кичево и на истиот начин е координацијата помеѓу Струшката и Охридската болница, во Прилеп и Битола не се во функција сеуште модуларните болници, нема потреба а се спремни да бидат ставени доколку за тоа се укаже потреба како резултат на поголем наплив на пациенти, така да сакам да укажам да граѓаните ги почитуваат мерките, ова е навистина еден специфичен период има доволно болнички места, нема потреба за паника меѓутоа со почитувањето на превентивните мерки сите помагаме да трансмисијата на вирусот се намали – изјави Филипче.