Романската полиција ја пронајде малата Ана-Марија, 11-годишното девојче, кое вчера беше киднапирано пред нејзината куќа во населбата Валча.
Девојчето било турната во црно „ауди“ од четворица мажи и жена, а нејзината баба го пријавила киднапирањето во полиција.
Веднаш бил вклучен аларм и полицијата започнала потрага. За среќа, по четири часа девојчето било пронајдено. Во овој момент не се знае дали девојката е добро, како и кои се лицата кои ја киднапирале.
– Детето е пронајдено – кратко соопштија од полицијата.
Истрагата е во тек.