Драматичен скок на бројот на новозаразени во Британија, втор ден по ред поставен црн рекорд

Од:

Велика Британија денеска регистрира најголем број на нови случаи на Ковид-19 во едно деноноќие од почетокот на пандемијата, односно 53.135 новозаразени.

Ова е голем скок од вчера кога имаше 41.358 нови случаи, според Министерството за здравство.

Од последниот пресек починале 414 лица, што е исто така зголемување во споредба со вчера, кога починаа 357 луѓе.