Деветтата жртва на убиецот од Младеновац: Почина млад човек ранет во престрелка во Мали Орашје

Од:

Денеска почина момчето П.М., кој беше рането во масовното пукање на 4 мај во Мали Орашје.

Тој е деветтата жртва на масовното убиство што се случи ноќта меѓу 4 и 5 мај во Мали Орашје и Дубона, јавува РТС.

П.М. првично беше лекуван во болницата во Смедерево, но поради компликации беше префрлен во Белград.

У.Б. е осомничен дека на 4 мај на територијата на Смедерево и Младеновац уби осум и со истрели од автоматска пушка се обиде да убие 12 лица, соопшти претходно Вишото јавно обвинителство во Смедерево кое ја води истрагата за овој случај.

Да потсетиме, тој е во притвор од 5 мај кога беше уапсен. Неколку дена подоцна, под сомнение дека сторил кривично дело недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материи, уапсен е неговиот татко Р.Б.

Би можело да ве интересира

Урош Блажиќ одбивал да јаде затворска храна, тврдел дека бил нападнат

Деветкратниот убиец од Младеновац доби 20 години затвор

Катерина Ѓуровски

Тројца мажи сакале да ја запалат куќата на обвинетиот за масакрот кај Младеновац

Мајка на две убиени деца во масакрот кај Младеновац: „Немам деца, болката се засилува, секое судење ни е се потешко затоа што мораме да го гледаме“

А1он

Убиецот од Младеновац доби закана: Цел живот ќе те чекам, се заколнав дека ќе се одмаздам

Горан Наумовски

Урош Блажиќ ја призна вината

Горан Наумовски