Бебе починало по само два часа по породувањето во Битолската болница

Од:

Бебе починало само два часа од породувањето во болницата во Битола.

Мајката која има 24 години ова и била прва бременост била примена во болницата со породилни болки, а во текот на бременоста немала никакви проблеми и имала нормален тек на бременоста.

Според лекарите пак, станувало збор за исклучително тешко породување и дека состојбата на бебето била уште веднаш многу сериозна. И покрај напорите за реанимација бебето починало по само два часа.

Мајката е во релативно добра здравствена состојба.

Тим од Државен здравствен и санитарен инспекторат и комисија од инспектори утврдуваат што било точно причината за смртта на бебето.

Според информациите со случајот е запознаен и министерот за здравство кој веќе разговарал и со мајката и со лекарите и најави испитување на случајот.