Аларм за воздушна опасност во цела Украина

Од:

Рано утринава е прогласена воздушна опасност на целата територија на Украина. Ненадејната тревога ја предизвика информацијата дека два ловци МиГ-31, за кои се верува дека носат хиперсонични ракети од типот Кинжал, биле забележани како полетуваат во Белорусија.

Полетувањето се случило од аеродромот Барановиќи.

Меѓутоа, оваа непроверена информација подоцна доби поинаква конотација, дека станува збор за ловци Су-30СМ, кои летале во белорускиот воздушен простор и маневрирале неколку пати, а потоа заминувале во различни правци.