Во дербито на Истокот, Каменица Саса го совлада Кит-Го

Од:

Во првото коло од пролетниот дел од сезоната, последно пласираниот тим на ФК Каменица Саса со минимални 1:0 го совлада четвртопласираниот тим на Кит-Го, во рамки на дербито на Истокот во Втората фудбалска лига. Стрелец на победничкиот гол за домашните беше Кристијан Додевски, гол кој беше постигнат уште во 14. минута од натпреварот.

За претседателот на клубот од М.Каменица, Климент Ѓорѓиевски добро е што првото пролетно коло се започнало со победа.
– Значајна победа за нашата екипа, која грчевито ќе води борба за опстанок. Со оваа победа го освоивме десетиот бод, кој дава каква таква надеж за подобар резултат во пролетниот дел од сезоната, истакна Ѓеорѓиевски.

Иако Саса го сочува водството до крајот на натпреварот, сепак фудбалерите на Кит Го доминираа во текот на целиот натпревар со притисок кон противничкиот гол, но не успеаја да стигнат до посакуваното израмнување.