Виља на мета на Челзи

Од:

Челзи во јануари планира да го ангажира Давид Вилја од Барса, и пред нос да им го „украде“ на премиерлигашките ривали Ливерпул и Арсенал, кои подолго време пројавуваат интерес за него.

Иако пред неколку денови директорот на Каталонците, Андони Зубизарета потенцираше дека шпанскиот напаѓач останува на Камп Ноу, англиските медиуми продолжуваат да шпекулираат околу иднината на Вилја, пренесувајќи дека тој во јануари сигурно се сели на Островот.

Бенитез полега во голгетерска форма го враќа Торес, а целта му е да доведе уште еден квалитетен фудбалер во нападот. Според шпекулациите, Вилја ќе заработува 110 илјади фунти неделно доколку се согласи да се пресели на „Стемфорд бриџ“.