ВИДЕО: Светски рекорд на Планица, Словенецот Превц леташе 254,5 метри

Од:

Словенецот Домен Превц постави светски рекорд во ски скокови на скокалницата Планица. Летот, каков што досега не е виден, заврши со слетување на 254,5 метри, со што е поставен нов рекорд во должина на ски летови. Претходниот рекорд го држеше Стефан Крафт, кој пред осум години во Викерсунд прескокна 253,5 метри.

Рекордната должина на летот сепак не беше доволна за Превац да победи пред домашната публика. Словенците славеа победа на Анже Ланишек, кој со скоковите заработи два бода повеќе од второпласираниот рекордер. Третото место го освои Германецот Андреас Велингер.

Домен Превц слета на 254,5 метри и го собори светскиот рекорд на Стефан Крафт, а Ланишек одлично одговори на предизвикот. Тој полета од пониска полетна точка и слета на 241,5 метри. За неговиот одличен стил на летање, тој доби три 20-ки и го победи Превац со 7,1 поен. Тоа беше втора победа за Ланишек сезонава.